Исфрлен од репрезентацијата на Иран поради твит

Селекторот на Иран, Драган Скочиќ е на добар пат да ја однесе селекцијата на Мундијалот во Катар 2022 година, откако има десет победи и едно реми во 11 меча досега.

Иран на 11. ноември игра со Либан, а потоа против Сирија. Иранци водат во групата со десет бодови, и се наоѓаат пред Јужна Кореја и Либан. Пред квалификациските натпревари, селекторот Скочиќ се одлучи да не го повика играчот на порто, Мехди Тареми.

Тареми за селецијата има 54 натпревари и 29 голови, еден од најефикасните е. Но, играчот е отстранет поради тоа што го критикувал селекторот.

Иранските медиуми пишуваат дека Скочиќ и Тареми имаат различни размислувања. Скочиќ во јавноста рекол дека иранските играчи се физички силни, но имаат проблем со тактиката.

Тареми потоа на Твитер напишал:

„Сакам да кажам, дека, освен индивидуална техника и физичка сила, иранските играчи имаат голем квалитет и во тактиката. За жал, проблемите се поинакви. Да живее Иран“, напишал Тареми.

Несогласувањата ескалирале со тоа што играчот не се нашол на списокот на селекцијата за престојните натпревари.

Се вчитува...