Иско со еден потег го навлече гневот на фановите, Шпанецот воопшто не е професионалец

Реал Мадрид оствари убедлива победа во Гранада, каде славеше со 4-1 за гости. Но, се појави нов-стар проблем наречен Аларкон Иско. Повторно во клубот се акцентира незадоволството на играчот за врска, кој очекуваше неколку минути на вчерашниот натпревар, па доброволно престана да се загрева.

Тоа го забележал Давид, синот на Карло Анчелоти, кој е фитнес тренер, па за се го известил својот татко.

Иско на крајот влезе во игра во 80. минута, но тоа нема значително да го промени статусот на 29-годишниот фудбалер чиј договор со Реал истекува следното лето. Како нова средина за Ачаркон досега се споменуваше Арсенал, а се шпекулираше и за Јувентус, но новиот клуб сериозно ќе се распраша за нивото на професионалност на несомнено квалитетниот Иско.

Се вчитува...