Иско во јануари го напушта „Сантијаго Бернабеу“?

Иско Аларкон играше во фантастична форма во периодот кога Зинедин Зидан за првпат седна на клупата на Реал Мадрид. Во тоа време медиумите на Пиринерите пишуваа дека Зизу е причината за неговите одлични настапи во „кралскиот клуб“. Но, по второто доаѓање на Зидан на кормилото на Реал Мадрид, Иско добива многу мала минутажа и подготвен да си замине веќе на половина од сезоната.

Повторно се засилија шпекулациите дека тој во јануари ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Иско е желба на Јувентус и на Манчестер Сити, а Реал Мадрид ќе бара 60 милиони евра отштета за 27-годишниот играч за врска.

Се вчитува...