Иско зголеми на 2-0, Лукаку ја врати неизвесноста (видео)

Реал Мадрид веќе поведе со 2-0 на Суперкупот на Европа против Манчестер јунајтед, откако Иско во раната фаза од второто полувреме го најде патот до мрежата на Де Хеа. Шпанскиот плејмејкер беше еден од најдобрите поединци во првиот дел, па одличната партија ја круниса со овој погодок, носејќи го Реал на чекор до трофејот.

Isco GOAL HD – Real Madrid 2-0 Manchester… by fififilive

Само две минути подоцна Манчестер јунајтед имаше извонредна шанса да намали, но Ромелу Лукаку покажа дека е далеку од достојна замена за Златан Ибрахимовиќ. Погба биеше со глава, Навас кратко ја одби топката, а Лукаку од позиција од која е многу потешко да се промаши биеше над гредата. Белгиецот сепак се поправи нешто подоцна, кога по одбиената топка по ударот на Матиќ ја смести топката во мрежата.

Romelu Lukaku Goal HD – Real Madrid 2-1… by soccerhub3651

Се вчитува...