Иско: Зошто да плачеме за Роналдо, кога тој сакаше да си оди…

Европскиот првак Реал Мадрид е во голема резултатска криза, а тоа се поврзува и со заминувањето на најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо во редовите на Јувентус на почетокот на оваа сезона. Нервозната атмосфера се пренесува и на тимот, а Иско даде и интересен одговор дали Португалецот му недостига на тимот, пред утрешниот меч со Плзен на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не треба цела сезона сега да зборуваме за некој што веќе не е тука. Тој сакаше да си замине и веќе не е дел од Реал Мадрид, зошто треба сега да плачеме за тоа. Друга работа е што ни недостигаат Герет Бејл и Дани Карвахал, но поентата е сосема поинаква, дека ќе мораме сите да одиграме на многу повисоко ниво и да заличиме на европски првак. И не треба да критикуваме поединци, туку секој од нас да го даде максимумот за доброто на тимот. Можеби сега играме лошо, но ние сме Реал Мадрид и ќе се издигнеме над оваа ситуација“, изјави Иско Аларкон.

Се вчитува...