Искусен центар дојде кај Јокиќ во Денвер

НБА „франшизата“ на Денвер Нагетс во своите редови го доведе искусниот кошаркар и поранешен „ол-стар“, Деандре Џордан.

Џордан минатата сезона ја помина во редовите на Филаделфија 76, откако минатата сезона прво ја почна во редовите на Лос Анџелес Лејкерс. Пред Лејкерс и Филаделфија, 33-годишникот претходно беше дел и од Бруклин, Далас, Њујорк и ЛА Клиперс во кој ги имаше најдобрите денови во кариерата.

 

Се вчитува...