Ислами постави нов државен рекорд на Универзитетските игри во Наполи

Една од најдобрите македонски атлетичарки, Дрита Ислами постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки на 30. Универзитетски игри кои се одржуваат во Наполи, Италија.

Членката на АК Работнички најпрво во квалификациите истрча со време од 59.96 секунди пласирајќи се во полуфиналната трка каде запиша нов државен рекорд од 59.20 секунди, подобар за 13 стотинки од претходниот кој исто така беше во нејзина сопственост поставен во 2017 година.

Се вчитува...