Исландски ритуал: Селекторот е на пиво со навивачите два часа пред секој меч

Исланд продолжува да ја живее фудбалската бајка која почна со ЕВРО 2016, а една од причините за големите успеси дефинитивно е сплотеноста, не само на фудбалерите и стручниот штаб меѓусебно, туку и нивната неверојатна поврзаност со навивачите.

Сите оние кои ги виделе поздравите со ракоплескање на навивачите од едната и фудбалерите од другата страна на оградата многу добро знаат за каква врска станува збор, но селекторот Хејмир Халгримсон оди чекор понапред – тој буквално пред секој домашен натпревар оди во еден ист паб и на два три часа пред средбите седнува со навивачите на пиво – за да им ја објасни својата тактика.

Немавме поддршка како репрезентација, па самиот отидов во навивачкиот клуб Толфан, тоа е фантастична групна на момци и девојки. Решивме да тргнеме од нула, тие имаат паб во Рејкјавик, јас ветив дека пред секој натпревар на два часа пред мечот ќе поминам и ќе им давам извештај за тоа што ќе правиме на теренот. Така, тие први ја дознаваат стартната постава, но и што очекувам од секој играч. За првиот меч, пријателскиот против Франција имаше десет или дванаесет луѓе. Им кажав кој ќе игра, им го пуштив и мотивациското видео што го подготвив за играчите. Сега пре секој меч повторно одам во истиот паб, само што има по 400 луѓе со дресови и шалови на репрезентацијата. Свесен сум колку е необично, дури и лудо ова што го правам, но ова е Исланд, ние секогаш настојуваме да бидеме поразлични“ – изјави Халгримсон.

Различноста во овој случај дава резултат, па Исланд стана најмалата држава што успеала да обезбеди пласман на еден фудбалски мундијал.

Се вчитува...