Историја: Леброн Џејмс е првиот кошаркар милијардер

Леброн Џејмс во својата богата кариера испиша нови странци во НБА лигата, а сега стана и првиот активен кошаркар кој постанал милијардер, објави Форбс. Мајкл Џордан оваа граница ја помина во 2014 година, односно повеќе од десет години откако ја заврши играчата кариера и тоа поради вложувањето во франшизата на Шарлот Хорнетс.

Џејмс настапувајќи за Кливленд, Мајами и Лејкерс заработи 385 милиони долари, а со вложувањето во други приходи надвор од спортот стигна до дополнителни 900 милиони долари. Тој има дел во фудбалскиот гигант Ливерпул, бејзбол тимот Ред Сокс и НФЛ франшизата на Питсбург.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Се вчитува...