Историја во Белград – Јулимај-Рохас постави светски рекорд во трискок

Венецуеланската атлетичарка повторно го шокираше светот, откако успеа да го урне светскиот рекорд во трискок на светското првенство во сала во Белград.

Венецуеланката во последната серија успеа да скокне 15.74 метри што е апсолутен рекорд и го освои златниот медал.

Таа досегашниот светски рекорд во сала кој беше во нејзина сопственост го подобри за 31 центиметар, додека овој скок беше подобар и од нејзиниот светски рекорд на отворено кој го постави на Летните олимписки игри во Токио (15.67)

 

Се вчитува...