Историска фотка од соблекувалната: Барди и соиграчите слават на „Сантијаго Бернабеу“

Тимот на Енис Барди оствари историски триумф против актуелниот европски првак Реал Мадрид, славејќи со 1-2 на „Сантијаго Бернабеу“. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар, а по триумфот осамна и фотографија од големната радост во соблекувалната. Не се победува секој ден „кралскиот клуб“, овој успех Барди и соиграчите долго ќе го паметат.

Леванте е во низа од три победи во Ла Лига и со 13 бода се наоѓа моментно на седмата позиција.

Се вчитува...