Екипата на Комо продолжува таму каде што заврши минатата сезона, пријатно да ги изненадува фудбалските фанови. Откако минатата сезона ги остави гигантите Милан и Јувентус без ЛШ, оваа во историскиот деби настап во елитното клупско натпреварување со 4:1 го совлада Лајпциг.
Првиот гол за Комо во Лигата на шампионите го постигна хрватскиот напаѓач Мартин Батурина во 15-та минута откако со одличен потег исфрли двајца дефанзивци на Лајпциг. Голот на Батурина може да го видите ТУКА.
Como 1907 [2] – 0 RB Leipzig – Douvikas [38]
by
u/MoistRegisteral in
soccer
До крајот на првото полувреме Довикас погоди за 2:0, а во 54-та минута Нико Паз зголеми на 3:0.
Como 1907 [3] – 0 RB Leipzig – Diao 54’
by
u/MoistRegisteral in
soccer
Лајпциг преку Максимовиќ само успеа да го ублажи поразот, додека конечниот резултат го постави Перено во судиското продолжение.
Фаворитите Баерн Минхен и Манчестер јунајтед рутински дојдоа до бодовите против Бодо, односно Сабах Баку.
Баерн кој славеше со 5:0 над Бодо, головите ги постигна во второто полувреме. Резултатот го отвори Мусијала во 47-та минута, погодуваа уште и Хари Кејн, Алфонсо Дејвис и Михаел Олисе кој даде два гола.
Манчестер јунајтед со 4:0 славеше над Сабах Баку, а неизвесноста ја разреши уште во првото полувреме. Куња, Бруно Фернандез и Шешко се запишаа во листата на стрелци, а точка на мечот стави Мартинез во 68-та минута.
Ленс со два гола во финишот успеа да направи пресврт и да слави со 2:3 на гостувањето во Прага кај Славија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
