Англискиот фудбалски сојуз нема да го казни Луис Диаз, колумбискиот фудбалер на Ливерпул, и покрај тоа што 26-годишниот крилен напаѓач голот го прослави со порака под својот дрес.
Во натпреварот против Лутон кој заврши без победник 1-1, Диаз беше стрелец на голот во финишот за еден бод на Ливерпул. Потоа покажа порака „Слобода за тато“, и тоа по повод семејната драма низ која моментално поминува.
Членовите на герилската група на Националната ослободителна војска ги киднапираа родителите на фудбалерот. Колумбиската војска набрзо успеа да ја спаси мајката на Диаз, но за неговиот татко и натаму се трага.
Од ФА открија дека нема да го казнат Диаз, и покрај тоа што тој го прекрши правилото дека фудбалерите не смеат да испраќаат и покажуваат сопствени пораки на фудбалските терени. Меѓутоа ова е наведено под „посебни околности“, па такла немаат намера да отвораат дисциплинска постапка, со што претставува историски преседан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА