Историски преседан за крај на расизмот: Судот во Шпанија изрече затворска казна за навивачи на Валенсија

Со цел конечно да се стави крај на расизмот во фудбалот, шпанскиот Суд денеска отиде и чекор подалеку од било кога досега изрекувајќи затворска казна за два навивачи на Валенсија кои упатија раситички навреди кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор на првенствениот натпревар одигран во мај 2023 година.

Истиот за жал наместо по добар фудбал ќе остане запомнет по немилите сцени на „Местаља“ кои долго време беа тема на разговор. Валенсија ги идентификуваше „расистите“ и им даде доживотна забрана за настап  на нивните натпревари, а тие ќе поминат и осум месеци во затвор.

Се вчитува...