Италија го „скрши“ отпорот на Турција во првиот натпревар на ЕП

Италија ја потврди фаворитската улога на Европското првенство 2020 откако во првиот меч од натпреварувањето славеше со 3-0 против Турција со автоголот на Демирал и прекрасните голови на Имобиле и Инсиње.

Италијанците беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, а откако не успеаја да постигнат погодок во мрежата на „црвените“ во првото полувреме, поведоа во 53. минута од мечот со автоголот на Демирал. Чиро Имобиле донесе предност од 2-0 во 66. минута, додека конечните 3-0 ги постави Инсиње во 79. минута.

Се вчитува...