Италија го виде Џастин Клајверт, Рома со гол во 90. минута до победа во Торино

Рома по огромна битка успеа да стигне до цел плен во првото коло од новата сезона во „Серија А“, триумфирајќи со 0-1 на тешкото гостување против Торино. Римскиот клуб долго се мачеше да го скрши отпорот на домаќините, во првото полувреме Коларов и Џеко го погодија дирекот.

Во израмнетото второ полувреме на крајот разликата ја направи Џастин Клајверт. Младиот Холанѓанец веднаш по влегувањето во игра успеа да го раздвижи својот тим, а потоа и маестрално да асистира до Един Џеко за победничкиот погодок на овој натпревар.

Се вчитува...