Италија израмни стогодишен антирекорд, за тоа придонесе и Македонија

Фудбалската репрезентација на Италија продолжува со неубедливи игри и под раководство на Роберто Манчини. „Сквадра аѕура“ го запиша петтиот последователен меч без победа, откако одигра 1-1 против Украина на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова. Италијанците немаат победа веќе пет меча на домашен терен, а тоа се случува по речиси сто години.

Последен пат ваков антирекорд Италија имала во периодот од март 1923 до јануари 1925 година.

Меѓу овие пет меча без победа, се наоѓа и ремито против Македонија во Торино, во претходните квалификации за СП 2018. Пред ремито со Украина, „аѕурите“ не победија дома со Полска во Лигата на нации, на пријателскиот меч со Холандија, како и на баражот со Шведска. А се тргна од ремито со Македонија (1-1) во Торино.

Се вчитува...