Италија останува без напаѓач – Заниоло поради повреда и официјално го пропушта ЕВРО 2020

Италијанскиот напаѓач Николо Заниоло потврди дека дефинитивно ќе го пропушти претстојното Европско првенство поради сериозна повреда на коленото.

Фудбалерот на Рома ги скина лигаментите на коленото во септември минатата година за време на дуелот помеѓу Италија и Холандија во Лигата на нациите и цело време е надвор од терените.

Се очекуваше тој да се врати во април, и постепено да се подготвува за Европското првенство, но периодот на опоравување ќе трае подолго.

Ова значи дека репрезентацијата на Италија ќе остане без одличниот напаѓач на Рома, Заниола и дефинитивно нема да го гледаме на ЕП (од 11 јуни до 11 јули).

„Јас сум разочаран од сè. Сепак, целиот фокус ќе го насочам кон Светското првенство следната година. Сакам да бидам максимално подготвен за тоа натпреварување“, рече 21-годишниот играч.

Заниоло важи за еден од најталентираните играчи на „Чизмите“. Дебитираше за репрезентацијата на Италија во 2019 година и оттогаш постигна два гола на седум натпревари.

Се вчитува...