Италија се уште не се помирува со елиминацијата од Македонија – бара исфрлување на Иран за место во Катар

Италијанците не можат да се помират со фактот дека нема да настапат на Светското првенство во Катар по елиминацијата од Македонија во полуфиналето од баражот. Сега челниците на „аѕурите“ го заследија примерот на Украина и ќе бараат од ФИФА да го исфрли Иран од Мундијалот, а местото да им припадне на нив како актуелен европски шампион.

Иран се најде во центарот на внимнаето поради вмешаноста во конфликтот помеѓу Русија и Украина, но и доколку ФИФА се одлучи за ваков потег мала е веројатноста дека европска држава ќе го земе ова место. Според препозициите истото треба да и припадне на следната азиска селекција се со цел за да се запази рамномерната распределба на местата по континенти.

За Италија кој досега четири пати се „искачуваше на врвот на светот“, тоа ќе биде второ по ред пропуштено Светско првенство, трето во историјата откако претходно настапи на 14 последователни собири од 1962 до 2014 година.

Се вчитува...