Хаосот што го предизвика коронавирусот во Италија не запира, па повеќе од јасно е дека во блиска иднина нема да може да се одржуваат ниту спортски настани на Апенинскиот полуостров. Првичната мерка за прекин истекува наскоро, но Министерот за спорт Спадафора најави продолжување на паузата.
„Во овој момент е нереално да се прогнозира кога ќе се продолжи со спорт. Во понеделник пред Владата ќе поднесам предлог забраната на спортските настани да се продолжи до крајот на месец април“, истакна Спадафора.
Воедно, тој најави дека е подготвен сериозен економски пакет со кој би се помогнало на спортските институции во овој тежок период, мерки во висина од 400 милиони евра.
„Тоа се пари што ќе бидат наменети на сите клубови, федерации, спортски здруженија… Спортот не е само фудбал, а фудбалот не е само Серија А. Дел од парите се наменети и за помош на основните спортови, на аматерско ниво“, појасни италијанскиот министер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА