Италија во паника: Чиро Имобиле повторно има проблем со коленото!

Чиро Имобиле, првиот напаѓач на Италија и на Лацио, вчера даде два гола за победа на римските „орли“ против Сампдорија во триумфот со 3-1, но на полувреме остана во соблекувалната и беше заменет од Косовецот, Ведат Муричи.

Но, тоа што навивачите и италијанската јавност мислеа дека после убедливите 3-0 на полувреме и по двата гола на Имобиле, замената на Маурицио Сари била тактичка за да се одмори напаѓачот, сепак тренерот на лацијалите откри поинаков проблем – напаѓачот се пожалил на болки во коленото.

Поради проблеми со коленото, Имобиле паузираше неколку недели, а не беше ни дел од италијанската репрезентација во завршницата од мундијалските квалификации, па овој најнов проблем сега предизвикуваат страв на Апенините, да нема Имобиле посериозна повреда поради која ќе му виси и настапот за „аѕурите“.

„Чиро чувствува големи болки во коленото. Јас само се надевам дека не е ништо сериозно и дека е само реакција на удар во коленото и дека брзо проблемот ќе биде решен. Но, ќе видиме“, рече Сари.

Имобиле сезонава има запишано 13 гола на 14 меча за Лацио и две асистенции.

Андреа Белоти, вториот напаѓач на Италија поради повреда од втор степен на мускул на бутот најмалку два месеци ќе биде во аут, а засега виси неговиот настап во мундијалските баражи, зашто за неговото комплетно враќање на треенот ќе зависи како ќе помине рехабилитацискиот процес, кој може да биде забрзан, ама и да се одолговлечи.

Се вчитува...