Андреa Барбери, еден од главниот спринтер во историјата на Италија, човек кој го држеше рекордот 10 години помеѓу 2006 и 2016 година, почина на само 44-годишна возраст после болест.
Роден во Тиволи, недалеку од Рим, во атлетиката го увел поранешниот спринтер Рикардо Писани. Се памети неговото петто место на ЕП во Гетеборт во 2006 година, истата кога го презеде италијанскиот рекорд трчајќи 400 метри за 45,19 секунди.
Никој не освои толку многу трофеи во Италија на 400 метри (осум последователни од 2001 година, две во сала), а за репрезентацијата настапи 25 пати, вклучувајќи и три изданија на Светкото првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА