Италијанскиот фудбалски стручњак Роберто де Зерби смета дека Интер не разбрал правилно каков тим на ПСЖ се подготвува за натпреварот.
Де Зерби долго време не зборуваше за италијанските медиуми и конечно „разговараше“ со радио водителот Алесандро Кателано во неговиот подкаст за Супернова.
Топ тема во Италија сега се трансферите на најголемите тамошни клубови, но се уште се зборува за историскиот дебакл на Интер во финалето на Лигата на шампионите.
Поразот од Пари Сен Жермен (0-5) можеше да се избегне доколку во Интер немаше ароганција, смета тренерот на Марсеј.
„Интер е одличен тим, а Инзаги е одличен тренер и навистина немаше причина да губат со пет гола разлика. Мислам дека проблемот е што италијанскиот фудбал не го запозна добро ПСЖ, имаше ароганција“, вели Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА