Италијански атлетичар воодушеви со забивање на НБА Ол-стар викендот (ВИДЕО)

Во Кливленд синоќа стартувваше НБА Ол-стар викендот кој утре ќе биде заокружен со дефилето на 75. најголеми кошаркарски имиња на сите времиња, кои беа прогласени на почетокот на сезоната по повод 75-годишнината од постоењето на најсилната лига во светот.

На првиот ден од Ол-стар викендот се одржа натпреварот меѓу познатите личности на кој учествуваа пејачи, политичари, актери, телевизиски ѕвезди, асови од други спортови…, а предводени од НБА легендите, Доминик Вилкинс и Бил Валтон.

На крајот победи тимот на Валтон со 65-51, а МВП признанието замина во рацете на американскиот инструктор, Алекс Тусен.

Сепак, најголемата атракција ја реализираше италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери, кој е актуелен олимписки шампион во скок во височина со атрактивното забивање која сите ги воодушеви…

Се вчитува...