Италијанските гиганти, Интер и Јувентис, сериозно се заинтересирани и со внимание го следат настапите на младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Самуеле Инасио, објави новинарот Николо Скира.
И Интер и Јувентус уште во летниот преоден рок беа заинтересирани за 18-годишниот Инасио, но беа одбиени од „Милионерите“. Сепак, претставници на двата тима, ќе продолжат да ги следат настапите на Инасио бидејќи планираат во зимскиот преоден рок повторно да тропнат на вратата на Борусија и да преговараат за трансфер.
Самуеле Инасио настапува за младите селекции на Италија, иако потекнува од Бразил, а во Борусија пристигна во 2024 година од Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
