Италијански плачковци: Ние со еден пораз не одиме на СП, Уругвај и Еквадор одат со шест (ФОТО)

Италијанците се уште не можат да ја преболат елиминацијата од Македонија во полуфиналниот бараж за место на Светското првенство во Катар. Медумите веќе со денови се запрашуваат што се случи, но има и од оние кои отидоа и чекор подалеку па се пожалија на системот за квалификации.

Имено, доброупатниот „Italian Football TV“ направи кратка анализа на останатите квалификациски подрачја па пронајде дека од јужноамериканските квалификации Уругвај и Еквадор со по шест порази се пласираа на „големата сцена“, а нивниот тим со само еден, оној од нашите херои не успеа во своите намери.

„Еден од овие тимови не се пласираше на Светското првенство 2022.

Ова е не со намера да се избегне лошиот перформанс и внатрешните проблеми во репрезентацијата. Не требаше ни да се најдеме во оваа позиција, и ова не смее да биде изговор за тоа зошто не се пласиравме. За тоа се самите виновни. 

Но, и покрај тоа ова е многу чудно и некои работи треба да се променат“, стои во објавата.

Се вчитува...