Италијански тренер: „Едвај дишев, ова не му го посакувам ни на најголемиот душман“

Италија се соочува со исклучително големи проблеми зафатена од пандемијата на коронавирусот. Не се поштедени ниту голем број спортисти и спортски работници, а во таа група е кондицискиот фудбалски тренер Фаусто Русо.

38-годишниот Русо, кој вели дека како и секој друг ни на крај памет не му паднало дека ќе се зарази со коронавирусот, одлучи да го сподели своето искуство со јавноста.

„Ова нешто не би му го посакал ниту на најголемиот непријател. Му се јавив на докторот, кој ми даде лекови. Сепак, деновите минуваа, а температурата ми беше иста. Покрај тоа, имав тешко дишење додека не ме фати респираторна криза сред ноќ. Тогаш сфатив дека не станува збор за обичен грип. Едвај дишев, па затоа морав на итна хоспитализација. Ова навистина не е шега. Млад сум, во одлична физичка кондиција но тешко се справувам со оваа болест. Затоа чувајте се“ – вели Русо.

Се вчитува...