Италијански виролог тврди: Мечевите во Серија А би можеле да се играат со публика

Познатиот италијанскиот виролог Марија Рита Џизмондо тврди дека натпреварите во Серија А би можеле да продолжат со присуство на публика. Таа вели дека не разбира зошто властите во земјата не дозволат на фудбалските натпревари да присуствуваат и гледачи во ограничен број.

„Правилата за сите граѓани се исти. Гледачите би биле обврзани да носат заштитни маски и да бидат на пропишана дистанца, а сето тоа е лесно да се контролира. Навистина не знам зошто луѓето се „казнети“ да не присуствуваат на фудбалски натпревари. Кога веќе е дадена дозвола за престој во затворен простор, не разбирам зошто е забрането да се собираат луѓе на отворен простор“, изјави Марија Рита Џизмондо.

Италијанските калчолигаши од утре добиваат дозвола за групни тренинзи во клупските бази.

Се вчитува...