„Италијанскиот фудбал е одвратен со тренери како Капело, Алегри…“

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано повторно го нападна фудбалот на Чизмата, велејќи за него дека тој е одвратен.

Фудбалот кој го преферираа и преферираат тренери како Фабио Капело и Масимилијано Алегри, а нешто што го прави и Диего Симеоне во Шпанија веќе изумира, бидејќи е неверојатно одвратен.

„Италијанскиот фудбал е одвратен. Ви говорам за фудбалот кој го преферираат Фабио Капело, Масимилијано Алегри, па дури и Симеоне во Шпанија. За среќа по нас, таквиот тип на фудбал е во изумирање во целиот свет. Мора да се развиваме бидејќи само Аталанта и Манчини со својата филозофија даваат модерни сегменти на нашиот фудбал“, изјави Касано. 

Се вчитува...