Италијанскиот министер за спорт: Серија А може да продолжи на 4. мај

Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора изјави дека 4. мај би можел да биде датумот за продолжување на спортските активности во Италија.

„Се појавуваат знаци за подобри времиња, но состојбата се уште е драматична“ – истакна Спадафора, откако италијанската влада синоќа предложи мерките за борбат против коронавирусот да траат до 3. мај.

Италија е една од најпогодените држави од пандемијата на коронавирусот во која починаа 18.849 лица, но по последните податоци бројките на новозаразени и починати се намалуваат. Моменталниот број на заразени е 147.000.

Се вчитува...