Италијанците го предупредија селекторот: Не смее да се повтори, ние имаме репутација

Првиот човек на Кошаркарската Федерација на Италија, Џани Петручи, јавно го критикуваше однесувањето на селекторот Поцеко, стручниот штаб и кошаркарите за време на вчерашниот меч со Доминиканската Република што „аѕурите“ го загубија и си ја искомпликуваа борбата за влез во втората рунда од СП 2023.

Поцеко беше исклучен по двете добиени технички грешки за приговори кон судиите, а интересно е што ова беше прв пат неговиот асистент Едоардо Казалоне да загуби меч по исклучување на Поцеко, откако Казалоне ги доби претходните девет дуели (во Динамо Сасари и во италијанската репрезентација) кога темпераментниот прв стратег мораше да замине кон соблекувалните поради конфликти со арбитрите.

Петручи јасно стави до знаење дека е разочаран од односот и дека такви работи во иднина не смеат да се повторуваат.

„Разговарав со комплетниот стручен штаб и вчерашната епизода не смее да се повтори, не сакам да видам повторно такво нешто. Треба да биде јасно, ние не загубивме поради судиски грешки, тоа е сосема погрешен менталитет, Доминиканската Република заслужено победи. Судиски грешки имало и ќе има во иднина, но ние не загубивме поради тоа, им реков и на селекторот и на сите во стручниот штаб што мислам за нивниот однос, ние имаме репутација што мораме да ја чуваме. Поцеко е паметен човек, знае дека згрешил и веднаш се извини“, изјави Петручи.

Се вчитува...