Италијанците револтирани на Вентура, тој им враќа: Срамота е да свирите!

Силен револт во италијанската фудбалска јавност и кај навивачите на Апенинскиот полуостров наиде вчерашното издание на Италија во пресметката против Македонија во квалификациите за СП.

Главно револтот, италијанските навивачи и во Торино синоќа по мечот со свирежи го насочија кон селекторот Џанпјеро Вентура од кого некои побараа и оставка.

А, на прес-конференцијата Вентура, пак, посочи дека срамота е навивачи да го исвиркуваат својот националниот тим…

„Мислам дека Италија не смее да добива свирежи затоа што селекцијата не претставува сите нас. Но, разбирам кога имате едно лошо издание да добивата и еден таков одговор. Мислам дека одигравме добро прво полувреме, и лошо второ по кое противникот не казни. Но, ни недостасуваа и неколку стандардни репрезентативци. Во секој случај, одиме во бараж за пласман на СП и сигурно ќе одиме со сите сили да обезбедиме место на Мундијалот“ – рече Вентура.

Се вчитува...