Итен состанок на премиерлигашите по купувањето на Њукасл, големите клубови загрижени

Деветнаесет од 20 клубови од Премиер-лигата, одржаа итен состанок по повод купувањето на Њукасл од страна на конзорциум поврзан со саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Тимовите се противат на овој договор, а според „Дејли Мејл“ најгласни биле Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Евертон.

Незадоволството е изразено поради фактот дека во иднина ќе има нов кандидат за место во топ 4, кое носи во Лигата на шампионите, а за тие места во Англија се борат во моментов многу тимови.

И додека големите клубови биле загрижени, од малите генерално реагирале мирно, рече претставник на еден од клубовите кој присуствувал на состанокот.

Се вчитува...