Итудис го продолжи договорот со ЦСКА Москва

ЦСКА Москва го продолжи договорот со грчкиот тренер Димитрис Итудис до крајот на сезоната 2020/2021, потврдија од актуелниот шампион на Европа.

Актуелниот договор на Итудис со ЦСКА Москва истекуваше летово, но по освојувањето на титулата на фајнал-фор турнирот во Евролигата, успешната соработка е продолжена.

47-годишниот Итудис, во Москва пристигна во 2014. година, а во пет години на клупата на рускиот гигант не пропушти ниту еден завршен турнир во Евролигата, а на двапати и го освојуваше елитното натпреварување.

Тој е првиот грчки тренер, а вкупно петнаесети во историјата кој успеал да освои повеќе од една титула во Евролигата.

Се вчитува...