Итудис позитивен на коронавирус

Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, е позитивен на коронавирус потврдија од рускиот тим. Итудис ќе остане во Атина, па откако ќе ја преброди болеста ќе се врати во Москва каде ќе почне подготовки за новата сезона.

„Итудис ќе остане во изолација во Атина. Во Москва ќе дојде кога ја надмине болеста“, стои во соопштението од ЦСКА Москва.

Се вчитува...