Ива Богдановска е балканска шампионка во џудо!
Младата македонска џудистка го освои златниот медал во категорија до 63 килограми на Балканското првенство за сениори кое викендов се оддржува во Тирана, Албанија.
Како што информираат од Џудо федерацијата на Македонија, во четвртфиналето Богдановска беше подобра од албанската џудистка Десара Ндочи, во полуфиналето ја совлада босанската репрезентативка Самарџиќ, а во битката за златото успеа да ја совлада домашната натпреварувачка Албанката, Касандра Ковачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
