Ива Пројковска ќе суди во Англија и Шпанија

Нема одмор за нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во групата на 20 елитни женски европски судии.

Пред десетина дена, на „Алијанц арената“, пред околу 20.000 гледачи го судеше четвртфиналниот меч во Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Арсенал, а веќе го спакува куферот и отпатува во Англија каде на 30. март во Лондон, ќе биде четвртти судија на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Челси и Лион од Франција. На овој меч судиската тројка ќе биде од Хрватска: Ивона Мартинчиќ /главен/ и Сања Кариќ и Маја Петровиќ.

Само три дена по враќањето во Скопје, Ива Пројковска ќе отпатува за Шпанија, каде на 5. април на стадионот во Ибица ќе биде главен судија на пријателската средба меѓу Шпанија и Швајцарија. Ќе и помагаат Вјолца Изеири и Елена Соклевска-Илиевски, четврти судија ќе биде Ирена Велевачкоска Ристевски.

Од познатите европски репрезентации во женскиот фудбал, Пројковска покрај Шпанија досега има судено и на Италија, Англија, Португалија, Германија, Норвешка, Франција, Белгија…/М/М/

Се вчитува...