Иван Перишиќ се чека на лекарски прегледи, ќе следи потпис со новиот клуб од Лондон!?

Иван Перишиќ и официјално му кажа збогум на Интер, Хрватот одлучи да направи нов предизвик во кариерата, па негов нов клуб ќе биде Тотенхем.

Перишиќ денеска лета за Лондон каде ќе треба да ги помине медицинските тестови и да потпише договор со Тотенхем. Тој повторно ќе се сретне со Антонио Конте со кој ќе има уште еден разговор пред да го стави потписот на договорот, но тоа ќе биде само формалност, одлуката е донесена.

Перишиќ ќе потпише двегодишен договор со клубот од Северен Лондон.

Се вчитува...