Иван Тричковски е стрелец број еден во Европа

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е стрелец број еден во Европа, согласно ефектот во националните првенства, а според коефициентот на ефикасност.

Тричковски изминатата сезона на Кипар постигна 20 погодоци на 18 натпревари, па со коефициент на ефикасност од 1,11 е најдобар на Стариот континент. Зад него е Роберт Левандовски од Баерн Минхен кој има коефициент 1.10 (34 гола од 31 натпревар), а потоа следи Жан-Пјер Нсаме од Јанг бојс со коефициент – 1.00 (32 гола од 32 натпревари). Во Топ 10 уште следат и Ерлинг Халанд, Чиро Имобиле од Лацио кој има 36 гола од 37 натпревари.

На седмата позиција, согласно ова рангирање, е Кристијано Роналдо кој има 31 гол од 33 натпревари, а Килијан Мбапе е на деветтото место со 18 гола од 20 натпревари.

Се вчитува...