Ивана Пројковска ќе дели правда на Копа Америка

Македонската интернационална судијка, Ивана Пројковска е единствената од Европа која ќе ја дели правдата на натпреварите од Копа Америка за жени. Пројковска ќе биде дел од судискиот тим заедно со уште 10 судијки од Јужна Америка за овој турнир.

Пројковска е делегирана за главна, додека нејзини помошнички ќе бидат Џулија Гемпестили и Ирагарце Фернандез.

Копа Америка за жени ќе се игра во Еквадор од 12 јули до 2 август годинава.

Се вчитува...