Ивана Шпановиќ е победничка на „Дијамантската лига“ за 2021 година

Најдобрата српска атлетичарка Ивана Шпановиќ е победничка во Дијамантската лига за 2021 година. Таа вечерва на финалето во Цирих скокна 6.96 во последната серија што беше доволно за нејзината трета вкупна победа во ова натпреварување.

Од останатите натпреварувања од првиот финален ден во митинг во скок во височина титулата ја задржа Марија Ласитскене. Во скок во далечина кај мажите триумфираше Тобијас Монтлер од Шведска, додека на трките на 5000 метри во машка и женска конкуренција на победата се радуваа Бериху Арегави од Етиопија и Франсин Нијонсаба од Бурунди.

Се вчитува...