Ивана Шпановиќ го пропушта ЕП!

Ивана Шпановиќ нема да може да атакува на четвртата титула европска шампионка во скок во далечина, откако поради повреда беше приморана да го откаже настапот на претстојното ЕП, што ќе се одржи од 5 до 7 март во Торун.

Шпановиќ долго време влечеше незгодна повреда, поради која паузираше дури 16 месеци. Таа конечно се врати на митингот во Дизелдорф каде стигна до пиедесталот, а потоа имаше лесни задачи да триумфира на шампионатот на Србија и на Балканијадата. Овие натпреварувања требаше да и бидат загревање за ЕП, но Шпановиќ на еден од последните тренинзи заработила незгодна повреда поради која нема да може да патува на Апенинскиот полуостров.

Весникот „Спортски Журнал“ не обелоденува колку е сериозна повредата, но јасно е дека на една седмица пред стартот на ЕП е невозможно Шпановиќ да се рехабилитира и да атакува на нова европска круна, по оние во 2015, 2017 и во 2019 година.

Се вчитува...