Иванишевиќ: Треба да се почитува Надал, но не многу

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал по 59. пат вечерва ќе се сретнат во четвртфиналето на вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос. Србинот моментално има водство од 30-28, а со моменталната форма влегува како фаворит во овој меч.

Тренерот на првиот рекет во светот, Горан Иванишевиќ говореше за мечот меѓу двајцата великани на оваа игра. Тој смета дека Надал треба да се почитува, но не премногу…

„Не морам да му кажам дали е подобар или не. Тој знае колку е добар.. Добро знае во својата глава дека е најдобриот тенисер на сите времиња за себе, за мене, за сите негови фанови. Сепак, знаеме дека ќе игра против најдобриот на земја на сите времиња. Ова е како кога ќе дојдете во нечија куќа во дневната соба. Треба да покажете почит, но не многу“, изјави Иванишевиќ. 

Се вчитува...