Ивано Балиќ се враќа во репрезентацијата на Хрватска

Хрватската ракометна репрезентација наскоро ќе започне нови предизвици по неуспехот во квалификациите за Олимписките игри во Токио. За еден месец ќе ги одмерат силите со Словачка (двапати) и Унгарија во Европскиот куп.

Дека ова е крај на една генерација не укажа само заминувањето на Лино Червар. Неговиот наследник Хрвоје Хорват реши да го смени и стручниот штаб. Така одличниот Ивано Балиќ ќе се врати во националниот тим. Некогаш најдобриот ракометар на светот, ќе му биде асистент на Хорват, а веќе пред три години тој беше во националниот тим како директор.

Покрај Балиќ, на местото на тренер на голманите, доаѓа Нино Павелиќ, кој работеше со Хорват во Нексе. Според „Спортске новости“, новиот штаб има предвид на промена на голманската позиција, па шанса би можел да добие Кристијан Пилиповиќ, кој досега бранеше за Австрија. Мандиќ и Кузмановиќ исто така се издвојуваат како млади надежи, а Хорват во неколку јавни настапи навести дека планира нови промени во персоналот и соработниците, со цел да го освежи тимот.

Се вчитува...