Ивановски двоен стрелец за победа на Тиквеш, Слога Виница убедливо против младинците на Ак. Пандев

Фудбалерите на Тиквеш запишаа победа од 2-0 против второлигашот Детонит Плачковица во вториот контролен натпревар за време на подготовките во Дојран.

Стрелец на двата гола за триумфот на Тиквеш беше Иван Ивановски во 12. и во 29. минута од натпреварот.

Следниот тест-натпревар за кавадарчани е на 7. февруари од 14 часот против Каменица Саса.

Второлигашот Слога од Виница триумфираше убедливо со 3-0 против младинскиот тим на Академија Пандев во третиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Виница новото засилување Давид Манџуковски беше двоен стрелец на натпреварот а Петар Петроски, кој исто така е ново засилување, а во Виница доаѓа од редовите на третолигашот Големо Коњари беше стрелец на еден гол.

До крајот од подготовките за Слога Виница останува „генералката“ против Вардар Неготино, која е закажана за 11. февруари на Градскиот стадион во Виница.

Се вчитува...