Ивановски елиминиран и во двојки на Ролан Гарос

Најдобриот млад тенисер, Калин Ивановски по поразот во сингл конкуренција, на стартот го заврши и својот настап во двојки на јуниорскиот турнир на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Тој со својот партнер, Русинот, Ерик Арутиуниан загуби со 2-0, по сетови 7-5 и 7-6 од чешко-американскиот пар Ким Бартон.

За потсетување Ивановски вчера во првото коло во сингл конкуренција загуби од Бразилецот, Бразилецот Жоао Фонсека со 2-1, по сетови 6-7, 6-4 и 6-2.

Се вчитува...