Ивановски го собори државниот рекорд на 3.000 метри на Европскиот куп во Кипар

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски го собори државниот рекорд на 3.000 метри на Европскиот куп – трета лига, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

Ивановски патеката од 3.000 метри успеа да ја истрча со време од 8:06.66 минути, што е нов државен рекорд, соборувајќи го претходниот кој исто така беше во негова сопственост.

Македонскиот атлетичар на крајот го освои бронзениот медал, веднаш зад Гусман од Малта и Србинот Елзан Бибиќ.

Дарио Ивановски е еден од нашите кандидати и за настап на Летните олимписки игри во Токио во атлетските дисциплини.

Се вчитува...