Ивановски го спаси Хајдук од нова „брука“

Мирко Ивановски спречи ново фијаско на Хајдук, спасувајќи го сплитскиот клуб од пораз на гостувањето против Интер Запрешич.

Хајдук се наоѓа во сериозна криза, два пати губеше и на денешниот дуел, но за да не дојде до нов пораз се погрижи токму Македонецот, кој најпрвин изнуди пенал во 75. минута, за потоа самиот да ја преземе одговорноста и од белата точка да ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...