Ивановски и Поп Арсова со нови државни рекорди во маратон

Најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова успеаја да постават нови национални рекорди во маратон.

Ивановски на денешниот маратон во Копенхаген, Данска  оствари резултат од 2:18:12 часа, со што го урна досегашниот рекорд кој изнесуваше 2:21:27 часа.

Кај дамите Адријана Поп Арсова постигна резултат од 2:35:29 часа со што го урна досегашниот од 2:40:36 часа.

Се вчитува...