Ивановски ќе настапи и на јуниорски Ролан Гарос

Најдобриот млад македонски тенисер, Калин Ивановски ќе настапи на годинашното издание на Ролан Гарос во јуниорска конкуренција.

По неговите настапи на претходните три гранд-слем турнири, Ивановски ќе има настап и во Париз. Тој во првото коло ќе се сретне со петнаесетгодишниот бразилски тенисер Жоао Фонсека.

Јуниорскиот турнир на „Френч-опен“ почнува во понеделник.

Се вчитува...